Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Актерот од „Сам дома“ за првпат со двете деца на црвениот тепих по добивањето ѕвезда на Патеката на славните

Актерот од „Сам дома“ за првпат со двете деца на црвениот тепих по добивањето ѕвезда на Патеката на славните

Меколи Калкин си го зацементира името во холивудската историја.

43-годишниот актер, кој сите го паметиме по улогата во филмот „Сам дома“, доби своја ѕвезда на холивудската Патека на славните. На церемонијата, тој за првпат ги претстави двете деца пред јавноста.

Калкин позираше покрај ѕвездата со вереницата Бренда Сонг и 2-годишното синче Дакота, додека помалиот син Карсон седеше во публиката.

Меколи Калкин Меколи Калкин Меколи Калкин Меколи Калкин Меколи Калкин Меколи Калкин

Многумина коментираат дека Дакота е вистинска копија на неговиот татко во времето кога го снимаше популарниот филм.

Меколи Калкин

За време на настанот, Меколи беше полн со емоции додека зборуваше колку многу му значи неговото семејство, а ѝ се заблагодари на саканата за поддршката.

„Ти си единствената личност посреќна за мене отколку што сум јас. Ти си најдобрата жена која ја познавам, ти си најдобрата личност која ја познавам. Ми ја даде целата моја смисла, ми даде семејство“ – ѝ рече тој на Бренда.

Меколи Калкин Меколи Калкин Меколи Калкин Меколи Калкин Меколи Калкин Меколи Калкин Меколи Калкин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11475 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.