Адријана Лима со моќна порака потсетува на важноста на жената.
„Жената има најуникатна улога како солта. Нејзиното присуство никогаш не е запаметено, но нејзиното отсуство ги прави сите работи безвкусни“ – стои во објавата на ангелот на Victoria’s Secret на Instagram. Прочитајте ја:

Која е жената? Кога е тивка, низ главата ѝ минуваат милиони мисли. Кога зјапа во тебе, таа се прашува зошто те сака толку многу и покрај тоа што ја земаш здраво за готово. Кога вели дека ќе стои покрај тебе, таа ќе стои покрај тебе како цврста карпа. Никогаш не ја повредувајте или не ја земајте здраво за готово.
Многу трогателна порака од една жена: Некој ја прашал: „Дали работиш или си домаќинка?“ Таа одговорила: „Да, јас сум домаќинка со полно работно време. Работам 24 часа на ден. Јас сум мајка. Јас сум сопруга. Јас сум ќерка. Јас сум снаа. Јас сум аларм. Јас сум готвачка, чистачка, учителка, келнерка, дадилка, медицинска сестра, обезбедување, советник, утешител. Јас немам одмор. Јас не добивам боледување, ниту слободен ден. Работам по цел ден и цела ноќ. Јас сум на повик постојано и платена сум со реченицата: „Што правиш ти цел ден?“
Ова е посветено на сите жени. Жената има најуникатна улога како солта. Нејзиното присуство никогаш не е запаметено, но нејзиното отсуство ги прави сите работи безвкусни. Пренесете го ова до сите прекрасни дами. Вашата мајка, сопруга, ќерка, сестра или пријателка. Препратете го до секоја жена за да ја насмеете и до секој маж за да го натерате да ја сфати вредноста на жената.
По повод Денот на жената, Лима сподели инспиративни фотографии со малите ќеркички.
