Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Адријана Лима роди здраво девојче

Адријана Лима роди здраво девојче

Адријана ЛимаБремената Адријана Лима

Познатиот модел на Victoria’s Secret Адријана Лима и нејзиниот сопруг, Марко Јариќ, станаа родители за прв пат. Прекрасната Лима во неделата во Њу Јорк роди здраво девојче.

Среќната вест за новите родители вчера ја соопшти нивниот портпарол кој изјави: „Адријана и Марко се пресреќни да соопштат дека добија женско дете, Валентина Лима Јариќ. И мајката и таткото и бебето се чувствуваат одлично.“

Бразилската убавица се запозна со кошаркарот Јариќ во 2006г., а две години подоцна се свршија на 27-от роденден на преубавата манекенка. Заљубениот пар стапи во брак со романтична приватна церемонија на Св. Валентин оваа година.

Кратко после нивниот меден месец, ангелот на Victoria’s Secret дозна дека е бремена и младиот пар со радост ја прими таа вест.

„Многу сме возбудени. Го сакавме ова. Подготвени сме.“ - изјави Лима, коментирајќи ја веста за нејзината бременост.

Сега, Адријана и Марко можат бескрајно да му се радуваат на новиот мал член на нивното младо семејство.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11080 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.