Адријана Лима за првпат застана пред фото-објективот со сите пет деца.
Атрактивната манекенка, која ги носеше ангелските крилја на Victoria’s Secret, сними фотосесија за „Вог“ Кина и имаше неодолива придружба.
44-годишната Бразилка позираше со двете ќеркички кои ги има со Марко Јариќ, синот и ќерката на нејзиниот сопруг Андре Лемерс и нивното единствено заедничко дете – синчето Сајен.
















Адријана и Андре објавија дека стапија во брак во декември минатата година.


