Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Адел: Мајчинството е феноменално... најважното нешто што го имам направено

Адел: Мајчинството е феноменално... најважното нешто што го имам направено

Адел со експлозивен успех се врати на музичката сцена. Откако си подари себеси неколкугодишна пауза и се посвети на мајчинството, британската пејачка го објави хитот „Hello“ и сруши неколку рекорди.

Во првото интервју по три години „медиумски молк“ за списанието „i-D“, Адел зборувала за улогата на мајка и инспирацијата која ја пронашла во Ејми Вајнхаус.

За мајчинството и синот Анџело: Мислев дека ќе биде лесно. Сите го прават, па колку тешко може да биде? Тешко е, но е и феноменално. Тоа е најважното нешто што го имам направено. Тој прави да се чувствувам млада и нема ништо што ќе те приземји повеќе од дете кое клоца и одбива да го направи она што го бараш од него. Порано целиот мој свет се вртеше околу мене, но сега мора да се врти околу него.

Адел Адел

За Ејми Вајнхаус и нејзиниот албум „Frank“: Ако не беше Ејми и Frank, сто проценти немаше да кренам гитара и да ги напишам „Daydreamer“ или „Hometown“. И „Someone Like You“ ја напишав на гитара. Спротивно на гласините, јас и Ејми не се познававме, не бевме пријатели или нешто слично.

Адел Адел

Новиот албум на Адел, насловен „25“ ќе биде пуштен во продажба на 20 ноември.

Адел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11461 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.