Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Адел во интервју со Опра се отвори за анксиозноста по разводот, слабеењето и новата љубов

Адел во интервју со Опра се отвори за анксиозноста по разводот, слабеењето и новата љубов

Адел разговараше со Опра Винфри на многу теми во рамките на специјалот „Adele One Night Only“. Меѓу главните теми разбирливо беа нејзината физичка трансформација и слабеењето по разводот од бившиот сопруг Сајмон Конецки, како и врската со новото момче Рич Пол.

Адел

33-годишната музичарка рече дека никогаш немала цел да ослаби, туку дека се чувствувала многу подобро додека тренирала и затоа редовно ја посетувала фитнес салата. Слабеењето дошло само по себе.

„Пред сè се работеше за мојата анксиозност. По напуштањето на мојот брак ги имав најужасните напади на анксиозност. Тие целосно ме парализираа и ме збунуваа, бидејќи немав никаква контрола врз моето тело.“

„Забележав колку многу имав доверба во присуството на мојот тренер во моментите кога се чувствував изгубено. Немав никаква анксиозност кога бев со него во фитнес сала. Тоа стана мое време за себе – јас имав план секој ден кога немав никакви планови“ – рече таа.

Слабеењето на Адел ѝ донесе различни коментари. Додека некои ја фалеа, други ја критикуваа.

„Не бев изненадена. Моето тело беше објективизирано во текот на целата моја кариера. Или сум премногу голема или премногу мала, или сум привлечна или не сум или што било... Никогаш не сум се огледувала на некого поради неговото тело“ – рече Адел.

Адел

Славната пејачка вели дека не ѝ е важно дали ќе се здебели или ќе ослаби, а нејзиното омилено место е кревањето тегови во фитнес сала. Таа започнала со 5 килограми, а во моментов вежба со 70 килограми.

Во интервјуто, Адел откри дека го запознала Рич Пол на подиумот за време на роденденска забава и дека излегла на вечера со него откако тој ја поканил на деловен состанок.

„Тој е многу забавен и смешен. Да, и многу паметен. Отидовме на вечера, за која тој рече дека е деловен состанок. Си реков, деловен состанок за што? Тоа беше првпат да се дружиме само ние двајца, без други пријатели“ – објасни Адел.

Адел

Рич Пол сподели фотографии со Опра и Адел.

Адел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.