Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „The Revenant“ на Леонардо Дикаприо доминираше на „Златен глобус“

„The Revenant“ на Леонардо Дикаприо доминираше на „Златен глобус“

Најпопуларните ѕвезди од филмската и телевизиската индустрија синоќа блескаа на 73. издание на „Златен глобус“. Свечената манифестација се одржа во хотелот Беверли Хилтон во Беверли Хилс.

Филмот „The Revenant“ беше големиот победник на вечерта. Драмата режирана од Алехандро Гонзалес Ињариту беше прогласена за Најдобра драма, а Ињариту за Најдобар режисер. За улогата во „The Revenant“, Леонардо Дикаприо ја доби наградата за Најдобар актер во драма.

Златен глобус 2016Алехандро Гонзалес Ињариту и Леонардо Дикаприо Златен глобус 2016

Недалеку од „The Revenant“ беше „The Martian“, кој го освои златниот глобус за Најдобар мјузикл/комедија, а на Мет Дејмон му ја донесе титулата Најдобар актер во мјузикл/комедија.

Златен глобус 2016Мет Дејмон

За улогата во филмот „Room“, Бри Ларсон беше почестена со наградата Најдобра актерка во драма, додека Џенифер Лоренс се закити со уште еден златен глобус, но овој пат за Најдобра актерка во мјузикл/комедија за филмот „Joy“.

Златен глобус 2016Бри Ларсон Златен глобус 2016Џенифер Лоренс

Талентираната Кејт Винслет со задоволство ја прифати наградата за Најдобра актерка во споредна улога во биографскиот филм за Стив Џобс, додека од машкиот пол истата чест му беше укажана на Силвестер Сталоне, кој стана Најдобар актер во споредна улога за „Creed“.

Златен глобус 2016Кејт Винслет Златен глобус 2016Силвестер Сталоне

За Најдобар анимиран филм беше прогласен дизниевиот „Inside Out“.

Златен глобус 2016

„Writing’s On The Wall“ од филмот за Џејмс Бонд „Spectre“ ја доби наградата за Најдобра оригинална песна.

Незаменливиот Дензел Вашингтон ја прими престижната награда Сесил Б. ДеМил.

Целосната листа на победници можете да ја најдете тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.