Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Cosmopolitan“ доби критики за јубилејната корица со семејството Кардашијан

„Cosmopolitan“ доби критики за јубилејната корица со семејството Кардашијан

„Cosmopolitan“ ја слави 50-годишнината од своето постоење, а за да го одбележи овој јубилеј, ги покани сестрите Кардашијан, сестрите Џенер и нивната мајка Крис за фотосесија.

Популарното списание доби критики, бидејќи во описот на насловната страница со ѕвездите од шоуто „Keeping Up with the Kardashians“ стои „Првото семејство на Америка“. Многумина упатија остри зборови до уредниците на списанието и посочија дека ваквата постапка е знак на непочитување на семејството Обама.

Семејството Кардашијан

Ким, Клои, Кортни, Кендал, Кајли и Крис позираа во бели кошули за заедничката фотосесија за која бил ангажиран фотографот Франческо Кароцини. Шеснаесет страници од ноемвриското издание ќе бидат посветени на славното семејство.

Негативните коментари за списанието како вирус се шират на социјалните мрежи, особено на Twitter.

Семејството Кардашијан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9499 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.