Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Bohemian Rhapsody“ е главен победник... Еве кои се добитниците на Златен глобус 2019

„Bohemian Rhapsody“ е главен победник... Еве кои се добитниците на Златен глобус 2019

Синоќа во хотелот „Беверли Хилтон“ во Беверли Хилс се одржа церемонијата по повод доделувањето на наградите Златен глобус.

На 76-тото издание на свеченоста, „Bohemian Rhapsody“ неочекувано стана главен победник. Филмот посветен на Фреди Меркјури, ги остави зад себе „A Star Is Born“, „Black Panther“, „If Beale Street Could Talk“ и „BlacKkKlansman“ и победи во категоријата Најдобра драма.

Рами Малек, кој го портретираше големиот музичар Меркјури, ја освои статуетката за Најдобар актер во драма.

Златен глобус

Во својот говор, Малек не пропушти да им се заблагодари на Брајан Меј и Роџер Тејлор од Queen. Триото позираше заедно со златната статуетка.

Златен глобус

На Глен Клоус ѝ беше врачен Златниот глобус за Најдобра актерка во драма за „The Wife“.

Златен глобус

„Green Book“ е Најдобар мјузикл/комедија, Кристијан Бејл е Најдобар актер во мјузикл/комедија за улогата во „Vice“, а Оливија Колман е Најдобра актерка во мјузикл/комедија за „The Favourite“.

Златен глобус

Иако имаше пет номинации, „A Star Is Born“ освои само една награда. Имено, Лејди Гага ја прими статуетката за Најдобра оригинална песна за „Shallow“.

Златен глобус

„Spider-Man: Into the Spider-Verse“ стана Најдобар анимиран филм, а „Roma“ се закити со наградата Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

Престижната награда Сесил Б. ДеМил годинава заврши во рацете на Џеф Бриџис.

Златен глобус

Целосната листа на победници можете да ја погледнете тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9479 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.