Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 75-годишниот Роберт Де Ниро се разведува од 63-годишната сопруга по 21 година брак

75-годишниот Роберт Де Ниро се разведува од 63-годишната сопруга по 21 година брак

Роберт Де Ниро и Грејс Хајтауер се разведуваат по 21 година во брак. Според релевантни странски медиуми, 75-годишниот актер и 63-годишната актерка и пејачка веќе извесно време се разделени и не живеат повеќе заедно.

„Понекогаш нештата не функционираат онака како што сакаш или се надеваш“ – изјавил анонимен извор за People.

Роберт Де Ниро и Грејс Хајтауер Роберт Де Ниро и Грејс Хајтауер

Роберт и Грејс се венчаа во 1997 година и заедно имаат две деца. Нивниот син Елиор се роди во 1998 година, а една година подоцна парот објави дека се разделува, но нивниот развод никогаш не беше финализиран. Тие успеаја да ја зачуваат својата врска и ги обновија брачните завети во 2004 година. Нивната ќерка Хелен Грес се роди во 2011 година.

Де Ниро има четири други деца од претходни врски.

Роберт Де Ниро и Грејс Хајтауер Роберт Де Ниро и Грејс Хајтауер Роберт Де Ниро и Грејс Хајтауер Роберт Де Ниро и Грејс Хајтауер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11777 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.