Почетна » Новости » Чуден свет » Јајце го сруши рекордот за најлајкувана Instagram фотографија кој ѝ припаѓаше на Кајли Џенер

Јајце го сруши рекордот за најлајкувана Instagram фотографија кој ѝ припаѓаше на Кајли Џенер

Се прашувате која е најлајкуваната фотографија на Instagram? Не е стилска комбинација, егзотична дестинација или слатко бебе... туку обично јајце.

До неодамна, Кајли Џенер го држеше рекордот за најпопуларна фотографија. Стануваше збор за фотографијата на која нејзината мала ќерка Сторми ја држи за палецот. За неполна година, таа собра 18,4 милиони лајкови.

Но, деновиве масовно се шири фотографија од јајце, објавена со цел да се постигне светски рекорд. Неспорно, мисијата е успешна. Досега „славното“ јајце има над 36,4 милиони лајкови.

Додека многумина се пошегуваа со новиот рекорд и го искористија за да ја исмејуваат Кајли, не се малку ниту коментарите во кои рекордите се искористени за да се критикува денешната опсесија со социјалните мрежи, бесмислените предизвици и бизарните вирални хитови.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.