Почетна » Новости » Музика » Слушнете ја англиската верзија на евровизиската песна на Есма и Лозано

Слушнете ја англиската верзија на евровизиската песна на Есма и Лозано

Евровизиската песна „Пред да се раздени“ доби своја англиска верзија. „If I Could Change The World“ е насловот на новата верзија на песната со која Есма Реџепова и Влатко Лозаноски ќе ја претставуваат Македонија во Малме, Шведска.

Видеото е монтажа од сцени од претходни спотови на Есма и Лозано. Официјалниот видеозапис за „Пред да се раздени“ допрва ќе ја има својата премиера.

Нашите музички ѕвезди за првпат ја изведоа „If I Could Change The World“ во текот на изминатиов викенд во Амстердам, во рамките на евровизискиот настан „Eurovision In Concert“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.