Почетна » Новости » Музика » Рушевини, жени-војници кои спасуваат деца... Спотот на евровизиските победници за „Stefania“ снимен во Украина

Рушевини, жени-војници кои спасуваат деца... Спотот на евровизиските победници за „Stefania“ снимен во Украина

Непосредно по победата на Евровизија, украинските претставници објавија мрачен видеозапис за песната „Stefania“ со која триумфираа во Торино.

Спотот прикажува рушевини во бомбардирани градови во Украина и жени во воени униформи кои спасуваат деца. „Вака ги гледаме украинските мајки денес“ – изјави фронменот на Калуш оркестар.

„Ѝ ја имав посветено оваа песна на мојата мајка и кога избувна војната, песната придоби ново значење. Иако во песната нема ниту збор за војната, многу луѓе започнаа да ја асоцираат со мајка Украина. Општеството започна да ја нарекува химна на нашата војна! Но, ако 'Stefania' сега е химна на нашата војна, сакам да стане химна на нашата победа“ - пишува во пораката од бендот.

Украина победи на Евровизија 2022 со огромна поддршка од публиката.

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12001 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.