Почетна » Новости » Музика » Првиот спот на македонскиот женски бенд The Chicks снимен во соработка со Витаминка

Првиот спот на македонскиот женски бенд The Chicks снимен во соработка со Витаминка

Женскиот музички состав The Chicks го промовира својот прв видео запис снимен со помош од Витаминка.

Спотот е направен за песната „Ах тие очи“ што ветува да биде летен хит на девојките од Тhe Chicks - Наталија Мејанџиева, Сандра Јорданова, Моника Ѓорѓиева.

Видео

Поддршката од Витаминка за младото музичко трио, значи навлегување на поп-рок музичката сцена и воопшто поддршка на македонската музичка продукција и нејзина популаризација особено кај младите.

Текстот за песната е авторство на трите девојки, а музиката и аранжманот се на Сашко Костов. Аудио продукцијата е потпишана од Дино Зуќиќ во студиото Dino's Home Studio, а видео продукцијата е на Иво Иванов, Foto Video Studio Penta. Спотот што изобилува со импресивни летни пејзажи е сниман на локација на Велес и околината.

The Chicks се млад музички состав од Велес со доминантна женска енергија што внесува освежување на македонската музичка сцена.

The Chicks The Chicks The Chicks The Chicks The Chicks The Chicks The Chicks The Chicks

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.