Почетна » Новости » Музика » „Кад волиш“: Српската верзија на „Штом сакаш“ на Каролина во изведба на Тоше Проески

„Кад волиш“: Српската верзија на „Штом сакаш“ на Каролина во изведба на Тоше Проески

Песната „Кад волиш“ на Каролина Гочева оригинално била напишана за Тоше Проески.

По повод 10-годишнината од смртта на Тоше, на српското радио Naxi премиерно беше пуштена оригиналната демо верзија.

Музиката, аранжманот и продукцијата на оваа нумера се дело на композиторот Мирко Вукомановиќ, а текстот е напишан од Снежана Вукомановиќ.

„Песната која ја паметиме во изведба на уште една врвна пејачка, Каролина Гочева, оригинално беше наменета за Тоше. Премиерата на песната, на десетгодишнината од трагичното заминување на Тоше во легендите, за нас има длабока емотивна симболика – некои личности се доволно големи за никогаш да не си одат. Големо задоволство ни е што магијата на гласот на Тоше можеме уште еднаш да ѝ ја донесеме на публиката“ – изјавила Снежана.

ВИДЕО:

Каролина ја сними оваа песна и на српски и на македонски јазик. Потсетете се и на двете верзии:

Кад волиш

Штом сакаш

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9473 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.