Почетна » Новости » Музика » Во чест на Тоше: Боби Мојсовски со преработка на „Игри без граници“

Во чест на Тоше: Боби Мојсовски со преработка на „Игри без граници“

Девет години без македонската легенда Тоше Проески... Вчера фановите со огромна тага се потсетија на македонскиот ангел со срце полно добрина, кој го загуби животот во несреќа на 16 октомври 2007 година.

Во чест на незаборавниот Тоше, Боби Мојсовски објави преработка на хитот „Игри без граници“. Изведбата и снимките од Крушево ќе ве исполнат со емоции.

Видео

„Не можам да го опишам чувството кога помислувам на Тоше Проески, најголемиот човек кој некогаш се родил во оваа земја. Кога помислуваш на љубов, на светлина, на спокој и сите најубави човечки особини, тоа е Тоше.“

„Ми беше чест што учествував во овој проект, заедно со маестро Даниел Јовески и во негова чест, ја посветуваме оваа преработка на Игри без граници. Страниците на Тоше Проески не се празни и неиспишани, зошто сите Македонци го негуваме и почитуваме неговото дело.“

„Да покажеме дека Тоше Проески ќе живее секогаш во нас и ќе учиме од него за сите најдобри човечки особини и музички квалитети“ – вели Боби.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.