Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Џони Деп, Мерил Стрип и Кејт Мос во новиот спот на Пол Мекартни

ВИДЕО: Џони Деп, Мерил Стрип и Кејт Мос во новиот спот на Пол Мекартни

Пол Мекартни привлече пријатно и славно друштво за снимањето на спотот за новата песна „Queenie Eye“. 71-годишниот поранешен член на легендарната група Битлси, ги собра Џони Деп, Мерил Стрип, Кејт Мос, Шон Пен, Џуд Ло, Крис Пајн и многу други ѕвезди во студио во „Аби Роуд“ и направи вистинска забава.

Во спотот за песната, Мекартни свири и пее, додека сите останати уживаат во секој звук.

Снимањето во студијата „Аби Роуд“ не е случајност – тоа е местото каде што Битлси ги снимија своите најголеми хитови, кои до ден-денес ги забрзуваат срцата на нивните фанови.

„Queenie Eye“ е дел од новиот албум на Пол Мекартни, „New“, а е инспирирана од улична игра која го одбележала неговото детство во Ливерпул.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11218 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.