Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Џенифер Лопез секси и егзотична во спотот за „I’m Into You“

ВИДЕО: Џенифер Лопез секси и егзотична во спотот за „I’m Into You“

Џенифер Лопез изгледа феноменално во нејзиниот најнов спот за песната „I’m Into You“. 41-годишната ѕвезда заедно со згодниот Вилијам Леви, познат и како мексиканскиот Бред Пит, гарантирано ќе му го забрзаат срцето на секој што ќе гледа музичкиот спот.

Видеото кое е режирано од познатата Мелина Мацукас било снимано на егзотични локации во Мексико, а во него Џенифер повторно ги покажува своите танцувачки способности и својот сексапил. Спотот премиерно беше прикажан вчера во емисијата Today.

Џенифер, која неодамна беше прогласена за најубава жена на светот од списанието People, изјавила дека го избрала Леви за партнер затоа што нејзините роднини секој ден гледале теленовели само за да го гледаат него.

„I’m Into You“ е соработка на Џеј Ло со раперот Лил Вејн и е дел од најновиот албум на славната пејачка, Love?.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.