Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Ќелавата Лејди Гага стана вирален хит

ВИДЕО: Ќелавата Лејди Гага стана вирален хит

Лејди Гага ја проба секоја луда фризура на својата коса, па единственото што ѝ остана беше да се појави без коса. 25-годишната пејачка го направи токму тоа.

Таа се појави ќелава во англиското шоу на Paul O’Grady и со емотивна изведба на песната „Hair“ ја воодушеви публиката. Се разбира, ништо не заврши тука. Видеото од изведбата веќе ја освојува интернет мрежата и на големо се поставува прашањето дали Лејди Гага навистина е ќелава или ова е уште еден мејкап трик.

Во видеото Гага навидум ќелава свири на пијано прекриено со коса, облечена во тиркизен фустан направен од синтетичка коса. На пијаното стои тиркизна перика која Гага ќе ја постави на себе кон средината на песната.

Во интервјуто, домаќинот Пол ѝ се обраќа на Гага со зборовите: „Поминаа 3 години откако за првпат се сретнавме и толку многу работи се променија од тогаш. Јас имам повеќе брчки, а ти го освои светот“. На тоа Гага одговори: „Да. И имам помалку коса“. Со тоа Гага уште повеќе ги засили гласините дека навистина е ќелава.

Па, што мислите? Ќелава капа или ќелава глава? Најверојатно се работи само за капа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11343 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.