Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Фановите на Мајкл Џексон во спотот за „Behind the Mask“

ВИДЕО: Фановите на Мајкл Џексон во спотот за „Behind the Mask“

Уште еден постхумен спот на Мајкл Џексон ја доживеа својата премиера. Музичкото видео беше објавено вчера, а е направено со учество на стотици обожаватели на Мајкл Џексон кои танцуваат како него и го пеат текстот на неговата песна „Behind the Mask“.

Проектот наречен „Behind the Mask“ започна во март, кога неговите фанови беа повикани да испратат снимки на кои пеат или танцуваат на истоимената песна. Потоа, финалното видео беше создадено од режисерот Денис Лиу.

„Тоа е највозбудливиот и најзабавниот проект во кој сум бил вклучен досега. Беше многу емотивно да се видат толку многу луѓе од цел свет, соединети во едно, нивните креативни гласови, танцови и музички таленти сврзани од духот на Мајкл Џексон и неговото неспоредливо мајсторство“ – изјавил тој.

„Behind the Mask“ е песна од првиот постхумен албум на легендарниот пејач, кој е насловен „Michael“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11209 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.