Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Спотот на Џон Леџенд за „You and I“ посветен на женската убавина

ВИДЕО: Спотот на Џон Леџенд за „You and I“ посветен на женската убавина

Новиот спот на Џон Леџенд испраќа силна позитивна порака. Во видеозаписот за „You and I (Nobody in the World)“ повеќе жени се набљудуваат себеси пред огледало.

На почетокот на видеото, девојката на Леџенд, Криси Тиген, се подготвува за вечерна забава, а потоа се нижат снимки од жени со различна форма на телото, боја на кожата или медицински проблем.

Бремена жена го гали својот стомак, жена ја вади својата перика и ја открива ќелавата глава која е последица на хемотерапија, мало девојче со Даунов синдром се мурти, а потоа се смее пред огледало, жена со солзи во очите го соблекува градникот и ги открива лузните од мастектомијата...

Баладата „You and I (Nobody in the World)“ е првиот сингл на Леџенд по објавувањето на големиот хит „All of Me“.

И двете песни се дел од албумот „Love in the Future“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11418 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.