Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Спотот на Хозиер за „Cherry Wine“ за семејното насилство

ВИДЕО: Спотот на Хозиер за „Cherry Wine“ за семејното насилство

Хозиер се бори против семејното насилство. Познатиот Ирец сними видеозапис за својата најнова песна „Cherry Wine“, во кој главна тема е еден од најделикатните светски проблеми.

25-годишниот пејач ќе ги донира сите приходи од песната за добротворни организации за помагање на жртвите на семејно насилство.

Во видеото е прикажана навидум среќна врска исполнета со страст. Потоа, девојката се упатува кон спалната соба и започнува да ја отстранува шминката откривајќи ги модринките на своето лице.

Актерите Серше Ронан и Мо Данфорд се ѕвезди во спотот, кој опишува колку тешко им е на жртвите да се соочат со насилникот.

„Семејното насилство е постојан проблем во нашето општество, чија статистика е шокантна и чии ефекти им штетат на цели семејства, заедници и генерации“ – вели Хозиер, кој води кампања за помагање на жртвите, #FaceUpToDomesticViolence.

Додека насилството ги опфаќа и мажите и жените, 90% од жртвите на семејното насилство се жениДодека насилството ги опфаќа и мажите и жените, 90% од жртвите на семејното насилство се жени

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11530 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.