Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Спотот на Тејлор Свифт за „Bad Blood“ со Синди Крафорд, Џесика Алба, Селена Гомез...

ВИДЕО: Спотот на Тејлор Свифт за „Bad Blood“ со Синди Крафорд, Џесика Алба, Селена Гомез...

Тејлор Свифт го објави долгонајавуваниот видеозапис за песната „Bad Blood“, за која соработуваше со Кендрик Ламар. Веќе неколку недели 25-годишната пејачка го најавуваше спотот со постери од славните дами кои ѝ се придружија за снимањето.

На почетокот од акционото видео, Свифт заедно со Селена Гомез се бори со непријатели, но неочекувано станува жртва на предавството на Гомез.

Покрај Селена, во спотот се појавуваат и Синди Крафорд, Џесика Алба, Лили Олдриџ, Кара Делавин, Елен Помпео, Џиџи Хадид, Хејли Стајнфелд, Карли Клос, Марта Хант, Лена Данам, Хејли Вилијамс, Маришка Харгитеј, Зендаја, Ели Голдинг и Сераја Мекнил.

Спотот, кој за првпат беше прикажан на доделувањето на „Billboard Music Awards“, е снимен под режисерската палка на Џозеф Кан.

„Bad Blood“ е четврт сингл од петтиот студиски албум на Тејлор „1989“.

Спотот за „Bad Blood“ Спотот за „Bad Blood“ Спотот за „Bad Blood“ Спотот за „Bad Blood“ Спотот за „Bad Blood“ Спотот за „Bad Blood“ Спотот за „Bad Blood“ Спотот за „Bad Blood“ Спотот за „Bad Blood“ Спотот за „Bad Blood“ Спотот за „Bad Blood“ Спотот за „Bad Blood“ Спотот за „Bad Blood“ Спотот за „Bad Blood“ Спотот за „Bad Blood“ Спотот за „Bad Blood“ Спотот за „Bad Blood“ Спотот за „Bad Blood“ Спотот за „Bad Blood“ Спотот за „Bad Blood“ Спотот за „Bad Blood“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11707 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.