Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Спотот на Викторија Лоба за баладата „Херој“

ВИДЕО: Спотот на Викторија Лоба за баладата „Херој“

Викторија Лоба објави нова песна и спот. Баладата „Херој“ е во етно стил и е комплетно напишана и продуцирана од композиторот Роберт Билбилов.

„Херој е песна која буди многу емоции, посветена на мој многу драг пријател и за сите вас кои имате свој херој во животот. Роберт Билбилов ја напиша и продуцираше во истиот ден, а јас ја испеав во еден здив. Би сакала токму оваа балада да остави белег кај љубителите на македонската музика. Ова е нешто ново и различно од мојата музичка палета која ќе биде дел од новиот албум“ – вели Лоба.

Видеозаписот е снимен на планината Водно од страна на Дарко Митев и продуциран од Даниел Јовески.

„Спотот го снимавме на најладниот ден во Скопје, навистина се заблагодарувам на целата екипа што на -10 целзиусови степени даде сè од себе за да направиме светско видео. Сигурна сум дека видеото ќе ви ги разбуди вашите емоции и ќе уживате во снежните пејзажи на скопско Водно“ – додаде Лоба.

Викторија Лоба Викторија Лоба Викторија Лоба

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.