Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Роби Вилијамс со спот за песната посветена на неговата мала ќерка

ВИДЕО: Роби Вилијамс со спот за песната посветена на неговата мала ќерка

Роби Вилијамс го објави спотот за песната „Go Gentle“, за која откри дека е инспирирана од неговата мала ќерка Теодора Роуз Вилијамс.

39-годишниот пејач изјави дека „Go Gentle“ е ветување кон малата Теди дека секогаш ќе биде покрај неа. „Go Gentle е ветување кое ѝ го давам на мојата ќерка. Беше напишана кога таа пристигна на планетава. Јас бев себична поп-ѕвезда во текот на најголемиот дел од мојот живот, а потоа, одненадеж требаше да се грижам за оваа цела личност. Сè уште се плашам дека не ме бива за задачата. Добро се справувам со улогата на татко, но е страшно, мораш да се грижиш за таа личност во текот на целиот живот“ – изјавил Вилијамс.

Во спотот Роби е капетан кој „плови“ на дрвен брод низ улиците на Лос Анџелес.

„Go Gentle“ е дел од новиот албум на Роби, „Swings Both Ways“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11034 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.