Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Ријана стана убиец во драматичен спот за „Man Down“

ВИДЕО: Ријана стана убиец во драматичен спот за „Man Down“

Ријана го повлекува орозот на пиштол и убива маж во новото емотивно видео за нејзината песна „Man Down“.

Во спотот, црвенокосата пејачка е безгрижна девојка полна со љубов и радост, но потоа еден момент ѝ го менува животот. Таа е силувана од маж кој го запознава на забава, истиот оној што ќе се најде на мета на нејзиниот пиштол.

Музичкото видео е режирано од Ентони Мендлер со кого Ријана соработуваше за „Take A Bow“, „Disturbia“, „Rehab“, „Russian Roulette“, „Te Amo“ и „Only Girl (In the World)“, а беше снимено на локации во Јамајка.

„Man Down“ е дел од најновиот албум на Ријана, Loud.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11117 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.