Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Ребека Блек им се обраќа на хејтерите во новиот спот „My Moment“

ВИДЕО: Ребека Блек им се обраќа на хејтерите во новиот спот „My Moment“

Девојката која го сними најисмејуваниот спот за уште поисмејуваната песна „Friday“ (Петок) го објави својот втор сингл и спот.

Ребека Блек се врати на интернет со песна во која им се обраќа на хејтерите и се радува на стекнатата слава.

„Weren’t you the one who said that I would be
nothing? Well, I’m about to prove you wrong“ – пее 14-годишната Ребека во песната „My moment“. „Haters, said I'll see you later. Can't talk to you right now, I'm getting my paper“ – продолжува таа.

За жал на многумина, текстот на песната не е смешен како што тоа беше случај со „Friday“, ниту пак видеото е толку непрофесионално и комично.

Но, тоа очигледно не е пречка и овој спот да стане хит. Видеото на YouTube веќе има над 640 илјади прегледувања и над 70 илјади коментари. Над 83 000 луѓе го притиснале копчето „Dislike“, а 51 000 копчето „Like“.

Претходниот спот на Ребека за песната „Friday“ стана вирален хит и имаше над 167 милиони прегледувања на YouTube.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11529 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.