Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Пинк со моќен танц во спотот за „Try“

ВИДЕО: Пинк со моќен танц во спотот за „Try“

Пинк преку динамична кореографија физички се пресметува со својот љубовник во спотот за песната „Try“. Кореографијата на бунтовната пејачка и талентираниот танчар Колт Пратс е дело на The Golden Boyz, а е инспирирана од познатиот апаш танц.

Убавиот агресивен и акробатски танц покажува борба меѓу маж и жена, што на некој начин ги опишува непријатните ситуации во кои некој може да се најде кога ќе се заљуби, а за кои Пинк пее во песната.

„Снимањето на ова видео беше најзабавниот момент во мојата досегашна кариера. Не сакав да заврши. Тоа е моето омилено видео“ – рекла Пинк.

„Try“ е дел од новиот албум на Пинк, „The Truth About Love“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11127 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.