Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Одлична а капела верзија на „I Knew You Were Trouble“

ВИДЕО: Одлична а капела верзија на „I Knew You Were Trouble“

Канадската група „Walk Off The Earth“ го освои светот со преработката на „Somebody I Used To Know“. Минатата година петте талентирани музичари на една гитара го изведоа големиот хит на Готје и заслужено привлекоа милиони фанови.

Годинава „Walk Off The Earth“ ја заборавија гитарата, но изненадија со фантастична верзија на хитот на Тејлор Свифт, „I Knew You Were Trouble“. Иако никој од нив не користи музички инструмент, звукот е близок до оригиналот благодарение на талентираниот битбокс шампион Terry ‘krNfx’ Im, кој одлично „имитира“ дабстеп звуци.

Многумина се убедени дека оваа верзија на песната е подобра од оригиналната. Само за два дена видеото има речиси милион прегледи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11812 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.