Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Никол Шерцингер со секси спот за „Right There“

ВИДЕО: Никол Шерцингер со секси спот за „Right There“

Никол Шерцингер објави два музички спота за нејзината песна „Right There“. Видеата во најголем дел се идентични, но во едното се појавува и 50 Cent, со кого Шерцингер соработуваше за ремиксот на песната.

32-годишната пејачка танцува сексапилно, облечена во секси облека во која доаѓа до израз нејзиното убаво тонирано тело. Во некои кадри на Никол ѝ се придружува и група танчерки, што по малку потсетува на нејзините спотови со Pussycat Dolls. Спотовите, чиј режисер е Пол Хантер, се снимани на улиците во Лос Анџелес.

„Right There“ е дел од првиот соло албум на Шерцингер, „Killer Love“.

Многумина сметаат дека песната и спотот наликуваат на стилот на Ријана. Што мислите вие?

И спотот со 50 Cent:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11588 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.