Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Незаборавни хитови од Драган Каранфиловски-Бојс, кој почина денес

ВИДЕО: Незаборавни хитови од Драган Каранфиловски-Бојс, кој почина денес

По долго боледување, почина македонскиот музичар Драган Каранфиловски-Бојс.

Тажната вест ја објави неговата ќерка, Верица Каранфиловска, која на Facebook сподели негов настап со „Опасно сум вљубен во тебе“ со пораката: „Саканите луѓе не умираат, тие живеат во нас. Почивај во мир голем човеку, душа наша!“

Драган Каранфиловски-Бојс

Талентираниот гитарист, пејач и композитор ја започна својата кариера во 1973 година со групата „Македонија“, но најголемите успеси ги постигна со „Мадригали“. Зад себе остави многу хитови меѓу кои „Валерија“, „Опасно сум вљубен во тебе“, „Лулај ме нежно“ и „Весела романтика“, а неговиот потпис стои на многу детски хитови како „Наташа од трето три“, „Ало амбуланта“ и „Марија на Бундеви“.

Минатата година тој ја прими наградата за трајни вредности на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“.

Потсетете се на неколку од неговите најголеми хитови:

„Опасно сум вљубен во тебе“

„Бели нарциси“

„Валерија“

„Валерија“ на Златна Бубамара на популарноста 2014

„Парижанка“

„Лулај ме нежно“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9534 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.