Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Настапите на Лејди Гага, Џон Леџенд, Maroon 5... на Оскар 2015

ВИДЕО: Настапите на Лејди Гага, Џон Леџенд, Maroon 5... на Оскар 2015

Лејди Гага ја остави публиката без зборови, а Џон Леџенд и Комон насолзија многу очи за време на престижната церемонија Оскар.

За време на неколкучасовното шоу, филмските ѕвезди беа наградувани, додека повеќе музички ѕвезди беа задолжени за забавниот дел од програмата.

Лејди Гага

Во повод 50-годишнината од премиерата на „The Sound of Music“, Лејди Гага настапи со микс од песните од популарниот филм. Кога ексцентричната пејачка ја отпеа и последната нота, публиката се исправи на нозе и со силен аплауз го поздрави нејзиниот настап.

За да биде моментот уште посилен, на големата сцена се појави и самата Џули Ендруз.

Џон Леџенд и Комон

Крис Пајн и Дејвид Ојелоуо не успеаја да ги задржат солзите за време на моќниот настап на Џон Леџенд и Комон со „Glory“.

Песната од филмот „Selma“ им донесе на Комон и Леџенд Оскар за Најдобра оригинална песна.

Maroon 5

Адам Левин ја отпеа „Lost Stars“ од филмот „Begin Again“.

Рита Ора

Рита Ора доби многу комплименти за настапот со „Grateful“. 24-годишната пејачка изгледаше како вистинска дива во креација од Вера Ванг додека ја пееше песната од филмот „Beyond The Lights“.

Теган и Сара

„Everything Is Awesome“ од филмскиот хит „The Lego Movie“ ја исполнија Теган и Сара.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.