Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Музичките настапи на MTV VMA 2013

ВИДЕО: Музичките настапи на MTV VMA 2013

За време на синоќешното доделување на MTV VMA наградите, сцената ја размрдаа повеќе звучни музички имиња. Џастин Тимберлејк ги собра комплиментите и предизвика гласни аплаузи со обединувањето на членовите на 'N Sync, додека негативните критики завршија на адреса на Мајли Сајрус.

Лејди Гага

Лејди Гага го означи стартот на шоуто со изведба на првиот сингл од албумот ARTPOP, „Applause“. Во текот на настапот, ексцентричната пејачка промени неколку перики и костими кои симболизираат различни етапи од нејзината кариера.

Мајли Сајрус, Робин Тик, 2 Chainz, Кендрик Ламар

Мајли го започна настапот со својата „We Can't Stop“, потоа ѝ се придружи и Робин Тик за летниот хит „Blurred Lines“, за настапот да заврши со 2 Chainz и Кендрик Ламар и „Give It 2 U“.

Џастин Тимберлејк и 'N Sync

Победникот на вечерта, Џастин Тимберлејк, настапи соло и со членовите на популарниот машки бенд 'N Sync.

Кание Вест

Кание Вест ја затемни сцената за да ја изведе „Blood on the Leaves“ од својот нов албум „Yeezus“.

Дрејк – „Hold On We’re Going Home“ и „Started From The Bottom“

Меклмор, Рајан Луис, Мери Ламберт и Џенифер Хадсон – „Some Love“

Бруно Марс – „Gorilla“

Кети Пери – „Roar“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11214 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.