Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Елена Ристеска се бори за забранетата љубов во спотот за „Опасно време“

ВИДЕО: Елена Ристеска се бори за забранетата љубов во спотот за „Опасно време“

Елена Ристеска по кратка пауза се враќа на музичката сцена со динамичен спот за песната „Опасно време“.

Во видеото, кое е снимано на повеќе локации во Скопје и Охрид, 26-годишната пејачка се обидува да ја одржи љубовната врска која нејзините родители не ја одобруваат.

Како вистинска бунтовничка, Елена му се спротивставува на својот татко и на крајот бега од дома за да се избори за страсната љубов со авантуристички настроено тетовирано момче кое не се плаши да живее ризично.

Режисер на спотот е Даниел Јовески, а покрај Елена, во главните улоги се и Славиша Кајевски (бунтовниот дечко) и Нино Леви (таткото).

Во спотот Елена го покажува и својот нов похрабар имиџ – црвена коса и зелени очи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11828 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.