Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Деми Ловато со емотивен спот за „Skyscraper“

ВИДЕО: Деми Ловато со емотивен спот за „Skyscraper“

Деми Ловато се врати на музичката сцена со хит. Нејзината прва песна по рехабилитацијата, „Skyscraper“, веднаш по објавувањето доби огромна популарност и беше одлично прифатена со многу позитивни коментари.

Неколку дена по објавувањето на песната, се појави и нејзиниот спот. Во него 18-годишната пејачка на емотивен начин пренесува како е да си на темно место во животот и ја претставува борбата да се издигнеш повторно.

Во ексклузивно интервју за Рајан Сикрест, Ловато сподели дека не сакала ова видео да се врти околу шминката и фризурата или да биде екстравагантно. Наместо тоа, сакала да ја пренесе порака на најискрен можен начин.

Деми неодамна престојуваше во клиника за лечење на зависности. Таа се соочи со многу проблеми, меѓу кои и со биполарно растројство, анорексија, а и со самоповредување.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.