Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Влатко Илиевски оди на Евровизија со „Русинка“

ВИДЕО: Влатко Илиевски оди на Евровизија со „Русинка“

Синоќа во Универзалната сала беше избран македонскиот претставник на Евровизија 2011. Влатко Илиевски со песната „Русинка“ ги освои симпатиите и на жирито и на публиката и ја доби честа да ја претставува Македонија во Дизелдорф, Германија.

По пат на телевоутинг Влатко освои 3054 гласови, а стручното жири му додели 619 бода, што беше сосема доволно за да се искачи на врвот на листата. На второто место остана Мартин Србиноски со песната „Рам там там“, а на третото – групата Офсајд која настапи со нумерата „Секој ден“.

Наградата за интерпретација, која оваа година се доделува за прв пат, ја доби Лидија Кочовска.

Финалето на Евровизија ќе се одржи на 14 мај.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.