Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Ван Гог ја објави „Ангелу мој брате“ на македонски јазик

ВИДЕО: Ван Гог ја објави „Ангелу мој брате“ на македонски јазик

Српската група Ван Гог денес ја промовираше песната „Ангелу мој брате“, отпеана на македонски јазик. Како што наведуваат од групата, оваа песна е во знак на пријателство и благодарница за македонската публика за сите 29 години поддршка.

„Учевме многу од македонската музика, запознавме многу прекрасни Македонци, стекнавме пријатели. Одамна размислуваме за песна на македонски јазик и еве со Ангеле мој брате тоа и се случи. Текстот е универзален и навистина беше лесно да се направи текстот, а и да се отпее“ – вели Звонимир Џукиќ Џуле, фронтменот на групата Ван Гог.

Инаку, засега, македонската верзија го доби веќе постоечкиот спот во кој се појавува легендарниот актер Петар Божовиќ, но во блиска иднина се подготвува и нов спот кој би се снимал во Македонија, поточно во сите градови и места каде Ван Гог настапувале.

„Секако дека планираме да снимиме спот, но најпрво сакавме да видиме како ќе функционира на постоечкиот спот. Петар Божовиќ е големо актерско име и нам ни беше чест што го имаме во нашиот спот. Со македонската песна само ни се потврди дека музиката е универзална и дека без разлика на кој јазик се пее, пораките остануваат исти“ – истакнува Џуле.

Видео

Групата Ван Гог следната година одбележуваат 30 години постоење и во таа чест, подготвуваат комплетно нов сценски проект со кој публиката ќе има можност да ги види во едно сосема поинакво светло.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11110 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.