Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Бијонсе е сексапилна невеста во „Best Thing I Never Had“

ВИДЕО: Бијонсе е сексапилна невеста во „Best Thing I Never Had“

Бијонсе во последната недела владее на музичките топ листи, па немаше подобар момент за 29-годишната пејачка да ги потсети своите обожаватели на што се должи нејзиниот успех.

Вчера беше премиерата на новиот спот на Бијонсе за песната „Best Thing I Never Had“. Спотот започнува со сексапилната Бијонсе облечена во бел корсет со халтери. Таа се подготвува за нејзината свадба, а во меѓувреме раскажува за лошата врска со поранешното момче, за кое всушност таа е најдоброто нешто што тој некогаш го имал во животот.

Спотот продолжува со свадбата на Бијонсе со љубовта на нејзиниот живот. Убавата невеста носи два прекрасни невестински фустани додека се забавува на свадбениот ден.

Овој спот може да се опише како „приказна за она што се случува по матурската вечер, кога љубовта од средношколските денови што ти го крши срцето, ќе излезе дека е најдоброто нешто што никогаш не си го имал. Продолжуваш и ја пронаоѓаш вистинската среќа“.

„Best Thing I Never Had“ е напишаната од самата Бијонсе во соработка со Babyface.

И покрај тоа што нејзиниот нов албум „4“ доби измешани критики, сепак успеа да го пронајде патот до врвот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.