Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Бизарниот автобиографски спот на Лејди Гага за „Marry the Night“

ВИДЕО: Бизарниот автобиографски спот на Лејди Гага за „Marry the Night“

Лејди Гага официјално го објави долгонајавуваниот спот за „Marry the Night“. Може да се каже дека спотот е краток филм, бидејќи трае скоро 14 минути, што е најдолгиот спот кој Гага го има објавено досега, а содржи голотија, фрустрираност, танцување, како и многу сцени кои потсетуваат на филмовите „Girl, Interrupted“ и „Black Swan“.

Спотот е во режија на самата 25-годишна пејачка и според неа во видеото се вклучени автобиографски елементи.

На почетокот Гага лежи на болнички кревет додека две медицински сестри ја носат во болничка соба каде што се опоравува од некаква операција. Со солзи на очите Гага ѝ кажува на едната сестра: „Ќе станам ѕвезда. Знаеш зошто? Затоа што немам повеќе што да изгубам.“

Спотот ги носи гледачите во сала каде Гага танцува како балерина на екстремно високи обувки. Потоа, Лејди Гага е во својот стан каде што добива повик од својот режисер, кој очигледно ѝ вели да се откаже од кариерата, а таа му возвраќа: „Но, јас сум уметник. Како тоа мислиш да се откажам?“.

„Тоа беше еден од најлошите денови во мојот живот и се случи многу брзо, но во мојот ум, кога мислам на тој период од животот, сè се случи многу бавно“ – изјавила Гага за тој дел од видеото. Следуваат сцени во кои фрустрираната Гага гола го уништува својот стан, доживува нервен слом, за потоа да се соземе и како преродена ѕвезда со напорна работа да се врати на патот кон нејзиниот успех. „Па, јас бев гола во вистинскиот живот кога се случи тоа“ – објаснила Гага во ексклузивно интервју за E! News.

„Ако се откажеш после нешто како тоа, значи дека никогаш не ти било судено да успееш во шоу-бизнисот“ – објаснила Гага.

Лејди Гага всушност го опишува своето патување до врвот на музичката сцена и ни дава можност да ѕирнеме во нејзината психа. И се разбира, како што и се очекува од Гага, спотот е по малку бизарен и изопачен.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9479 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.