Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Андреа Бочели ги разнежни фановите со дует со синот Матео

ВИДЕО: Андреа Бочели ги разнежни фановите со дует со синот Матео

Андреа Бочели ги заскокотка срцата на неговите фанови со дует со неговиот син Матео.

60-годишниот оперски пејач ја претстави песната „Fall On Me“ со 20-годишниот син преку видеозапис во кој свират на пијано и пеат, а повремено се менуваат фотографии од нивниот семеен албум.

Коментирајќи ги нивните гласови, Андреа вели: „Технички се многу различни, но едно нешто ги прави слични – ставот. Тој карактеристичен начин на кој се изразуваш низ гласот. Тоа ме прави сличен со Матео. Но, тоа не се учи, тоа не може да биде научено. Со него се раѓаш.“

Видео

„Fall On Me“ и претходно објавената „If Only“ ќе се најдат на новиот албум на Бочели кој ќе биде пуштен во продажба следниот месец. Во албумот „Si“ ќе бидат вклучени негови музички соработки со Ед Ширан и Дуа Липа.

Бочели Бочели Бочели

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11144 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.