Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Азербејџан победи на Евровизија 2011

ВИДЕО: Азербејџан победи на Евровизија 2011

Баладата „Running Scared“ беше прогласена за најдобра песна на овогодинешното издание на музичкиот натпревар „Евровизија“. Нејзините изведувачи, Елдар Гасимов и Нигар Јамал, му ја донесоа првата победа на Азербејџан, откако 43 земји им доделија 221 поен.

Дуото кое се претставува под името Ел/Ники не ја сокри својата возбуда кога се појави на сцената за да ја прими титулата. Тие ѝ се заблагодарија на публиката со зборовите: „Едно нешто што сакаме да ви кажеме е дека ве сакаме. Ви благодариме за вашата поддршка“.

На второто место се најде претставникот на Италија, Рафаел Гуалаци, кој со песната „Madness Of Love“ освои 189 поени, а шведскиот претставник Ерик Саде за песната „Popular“ доби вкупно 185 поени и го освои третото место.

Фаворитите како Франција и Велика Британија не успеаја да се пласираат ниту меѓу првите 10 места.

Македонскиот претставник Влатко Илиевски настапи на втората полуфинална вечер со песната „Русинка“, но не успеа да ни обезбеди пласман во финалето. Во полуфиналето Македонија доби 36 поени, кои беа доволни само за освојување на 16. место во конкуренција на 19 учесници. За нас гласаа: Босна и Херцеговина (10 поени), Словенија (8), Белорусија (7), Украина (7), Израел (3) и Молдавија (1).

1. Ел/Ники – „Running Scared“

2. Рафаел Гуалаци – „Madness Of Love“

3. Ерик Саде – „Popular“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11343 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.