Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: „Year of 4“ – мини документарен филм од Бијонсе

ВИДЕО: „Year of 4“ – мини документарен филм од Бијонсе

Бијонсе објави мини документарен филм во кој се прикажани интимни моменти од нејзиниот приватен живот, но и предизвиците пред кои била исправена за време на создавањето на нејзиниот најнов албум „4“.

Во 21-минутното видео Бијонсе открива дека по завршувањето на нејзината последна турнеја направила пауза за да може да ужива во животот и да се посвети на семејството. Најголемиот „виновник“ за паузата била нејзината мајка, која ја советувала да започне да ужива за да не се разбуди еден ден без никакви спомени.

Исто така, филмот ни дава можност да видиме што се случувало зад камерите за време на снимањето на спотот за „Run The World (Girls)“.

Документарниот филм беше емитуван на MTV и други музички телевизиски канали, па ако сте го пропуштиле, а сакате да ѕирнете во животот на Бијонсе, погледнете го видеото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.