Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: „What the Hell“ – нов спот на Аврил Лавињ

ВИДЕО: „What the Hell“ – нов спот на Аврил Лавињ

Аврил ЛавињОмотот за „What the Hell“

Аврил Лавињ и официјално се врати на музичката сцена со нејзиниот најнов спот за песната „What the Hell“.

Во видеото, Аврил сè уште го негува поп-панк стилот кој ја направи ѕвезда и глуми девојка што тешко може да биде освоена. Таа го покажува својот бунтовнички дух додека бега од нејзиното момче, а тој упорно трча по неа, за на крајот да завршат повторно заедно.

„Навистина сум многу возбудена што се вратив. Поминаа неколку години, а сега сум особено среќна што гледам дека „What the Hell“ е толку популарна на iTunes и кај обожавателите“ – изјавила 26-годишната пејачка.

„What the Hell“ е првиот сингл од новиот албум на Аврил, „Goodbye Lullaby“, кој треба да биде пуштен во продажба во САД на 8 март.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11132 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.