Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Take That носталгични во спотот за „When We Were Young“

ВИДЕО: Take That носталгични во спотот за „When We Were Young“

Take That го објавија нивниот најнов спот за песната „When We Were Young“. Црно-белото видео е снимано на стадионот Вембли во Лондон и тоа по завршувањето на два концерта на популарната група.

Секој член на бендот пее на различни места од стадионот, додека во позадина се гледа нередот што го оставиле илјадниците обожаватели. На крајот на спотот, Роби Вилијамс, Гери Барлоу, Хауард Доналд, Џејсон Оринџ и Марк Овен се поклонуваат во средината на празниот стадион.

Најновата турнеја на Take That, „Progress Live 2011“, се смета за најголемата турнеја во Велика Британија со рекордни 1,34 милиони продадени билети за само 24 часа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11415 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.