Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: „Ronan“ – песна на Тејлор Свифт за момче кое починало од рак

ВИДЕО: „Ronan“ – песна на Тејлор Свифт за момче кое починало од рак

Тејлор Свифт ја изведе новата песна „Ronan“ за време на настанот „Stand Up To Cancer“, чија цел е собирање на средства за финансирање на истражувањата за пронаоѓање лек против рак.

Емотивната балада му е посветена на 4-годишното момче Ронан, кое ја изгубило битката против рак. Песната е напишана од самата Тејлор и мајката на Ронан, Маја Томпсон. Приходите од продажбата на песната се наменети за хуманитарни цели.

На сцената настапи и Алиша Кис со песната „Not Even The King“.

Меѓу славните личности кои го поддржаа настанот се Гвинет Палтроу, Хали Бери, Џастин Тимберлејк, Џесика Бил, Џулија Робертс, Мајкл Даглас, Софија Вергара и Мет Дејмон.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11999 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.