Почетна » Новости » Музика » Бијонсе објави нова песна и фотографија од детството

Бијонсе објави нова песна и фотографија од детството

Бијонсе ги изненади своите фанови со музичката нумера „Bow Down/ I Been On“. На почетокот, песната го истакнува егото на Бијонсе. „I know when you were little girls you dreamt of being in my world. Don’t forget it. Respect that. Bow Down b******“ – пее таа.

Заедно со новата музика, Бијонсе објави и омот, којшто всушност е фотографија од нејзиното детство – Бијонсе со невина насмевка позира пред бројни награди и трофеи.

Бијонсе

Песната ги раздели фановите на Бијонсе. Додека некои се задоволни од смелоста и дрскоста на славната пејачка, други го изразуваат големото незадоволство од промовирањето на нејзиното преголемо его и покажаната ароганција.

Продуцент на „Bow Down“ е Hit-Boy, којшто стоеше зад хитот „Ni**as in Paris“ на Џеј-Зи и Кание Вест.

Вториот дел „I Been On“ е рап сингл во кој гласот на Бијонсе е сосема променет.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11130 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.