Почетна » Новости » Музика » „Today Is Your Day“ – првиот сингл на Шанаја Твејн по 6 години пауза

„Today Is Your Day“ – првиот сингл на Шанаја Твејн по 6 години пауза

По шестгодишна пауза, Шанаја Твејн конечно се враќа на музичката сцена со новиот сингл „Today Is Your Day“. Со едноставна нежна мелодија и инспиративен текст, 45-годишната пејачка се надева дека повторно ќе ги освои своите обожаватели.

Шанаја неодамна доби и своја ѕвезда на Холивудската патека на славните, а има и своја емисија, „Why Not?“, која се емитува на телевизијата на Опра. Во текот на таа емисија популарната музичарка откри колку многу била растревожена и уништена од неверството на нејзиниот бивш сопруг со нејзината најдобра пријателка и дека во кризните моменти ја загубила самодовербата и својот глас.

Во последната епизода Твејн објави нови фотографии од нејзиниот брак со бившиот сопруг на нејзината бивша другарка поради која ја остави сопругот, а со кого во моментов гради нов живот (да, комплицирано е, прочитајте повеќе тука).

Пред само неколку дена Шанаја објави дека потпишала двегодишен договор со Caesar's Palace во Лас Вегас. Нејзиното шоу во Вегас се вика „Still the One“.

Дефинитивно животот на Шанаја се движи по нагорна линија, а дали тоа ќе се случи и со нејзината музичка кариера, останува да видиме.

Слушнете го новиот сингл.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9502 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.