Почетна » Новости » Музика » „Please Don’t Go“: Емотивен спот кој ќе ги трогне сите оние кои изгубиле сакана личност

„Please Don’t Go“: Емотивен спот кој ќе ги трогне сите оние кои изгубиле сакана личност

Емотивниот спот за песната „Please Don’t Go“ ќе им ги насолзи очите на сите оние кои некогаш изгубиле сакана личност.

Стефани Рејни допре повеќе од 2 милиони срца со својата моќна песна која зборува за животот по смртта на сакана личност. Талентираната пејачка го објави видеозаписот за песната на својот Facebook профил пред два дена, заедно со емотивен текст за причината која ја инспирирала да ја напише емотивната балада.

„Пред неколку години, ненадејно го изгубив мојот внук и тоа беше нешто што засекогаш ми го промени животот. Сè уште се сеќавам како се чувствував и знам дека има многу други лица кои минуваат низ истото на еден или на друг начин.

Песната одекнува во мене откако ја напишав. Се сеќавам на точното место од каде извира и никогаш не го губи значењето, независно колкупати ќе ја изведам. Сакав да создадам музичко видео кое ќе го рефлектира тоа и ќе им помогне на луѓето кои се соочуваат со загуба, истовремено давајќи им шанса да ја споделат својата приказна“ – пишува Стефани.

Во спотот, 9 лица ги споделуваат своите приказни додека Стефани пее „Те молам, не оди си“. На почетокот, тие покажуваат фотографии од личностите кои ги загубиле – мајки, татковци, сопрузи, деца, а потоа на бела табла ги пишуваат причините за смртта, како се чувствувале по трагичниот настан и што би си кажале со саканите доколку повторно се сретнат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11212 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.