Почетна » Новости » Музика » MTV 80’s & 90’s повторно на сцена со Камерен Оркестар на Битола

MTV 80’s & 90’s повторно на сцена со Камерен Оркестар на Битола

На 14.09.2023, Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect ќе нè потсети на иконската музика која ја обележа златната доба на MTV. Прекрасните звуци од најголемите хитови од 80тите и 90тите ќе оживеат на сцената пренесувајќи ја магијата на тие времиња.

MTV 80s & 90s не беше само музички период - тоа беше ера која ја дефинира иднината. Во септември, благодарение на Камерен оркестар на Битола ⋮IWConnect, сите ние ќе имаме шанса повторно да ги доживееме тие историски моменти.

Камерниот оркестар на Битола ⋮IWConnect

Подгответе се за една извонредна вечер, и дозволете му на Камерен оркестар на Битола да ве одведе назад во времето, каде музиката беше израз на револуција, култура и совршенство.

Повеќе информации за билетите и изведувачите во следните денови.

Бидете дел од музичката историја.

За повеќе информации за концертот, заследете ги профилите на социјалните мрежи на Камерен Оркестар на Битола – Facebook, Instagram.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11473 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.