Почетна » Новости » Музика » Coldplay ја објави баладата „Atlas“ за филмот „Hunger Games“

Coldplay ја објави баладата „Atlas“ за филмот „Hunger Games“

Британската рок група Coldplay ја објави песната „Atlas“, специјално напишана за второто филмско продолжение на „The Hunger Games“. Заедно со деликатната балада, фановите добија и видео со текстот.

Филмската сага со Џенифер Лоренс и Џош Хачерсон во главните улоги продолжува, а „Atlas“ е првиот официјален сингл од претстојниот саундтрак на долгоочекуваниот филм, работен според книгите на Сузан Колинс.

„Имам огромна почит и им се восхитувам на Coldplay и бевме воодушевени колку добро се поврзаа со темите и идеите во филмот“ – изјави Френсис Лоренс, режисер на вториот дел од филмската трилогија.

Премиерата на „The Hunger Games: Catching Fire“ е закажана за 22 ноември. Погледнете го трејлерот:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.